Флексибилен ребраст валјак 

29,00 

Овој модел е еден од најкористените алати во професионалната мaderотерапија и претставува одлично дополнување на основниот сет. Особено се препорачува за внатрешниот дел на бутовите, половината и почувствителните региони на телото, каде што е потребна поголема прецизност и контрола на притисокот.

Флексибилен ребраст валјак

Флексибилните валјаци се дизајнирани така што природно се прилагодуваат на контурите на телото, овозможувајќи рамномерен притисок и безбеден третман без појава на модринки. Наменети се пред сѐ за третирање на површински целулит, а благодарение на нивната флексибилна конструкција и ребраста форма, ефикасно ја стимулираат микроциркулацијата и помагаат во елиминацијата на задржаните течности и токсини.

Овој модел е еден од најкористените алати во професионалната мaderотерапија и претставува одлично дополнување на основниот сет. Особено се препорачува за внатрешниот дел на бутовите, половината и почувствителните региони на телото, каде што е потребна поголема прецизност и контрола на притисокот.

Предности:

  • Флексибилна конструкција која се прилагодува на телото
  • Без ризик од модринки – идеален за чувствителни зони
  • Ја стимулира површинската циркулација
  • Помага во намалување на задржаните течности
  • Одличен додаток во професионалните третмани

Препорака:

Неизоставен алат за секој терапевт кој сака да постигне мазна, затегната и тонирана кожа, притоа обезбедувајќи максимална удобност за клиентот.

Димензии: 48 cm

Тежина: 0,5 kg

Сите наши модели се изработени од квалитетна варена бука и се повеќекратно лакирани за професионална употреба. Овој модел е дополнително обработен за долготрајност и интензивна работа во салонски услови.

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ:

Назив на производ: Дрвен масажер – валјак за мaderотерапија

Намена:

Производот е наменет за мануелна масажа на телото за козметички и релаксациски цели (мaderотерапија).

Материјал:

Природно дрво (бука), рачна изработка, површински обработено со заштитен премаз.

Начин на употреба:

Се користи за масажа на телото со масло или гел, со лесен до средно силен притисок, согласно правилата на масажа.

Одржување:

По употреба исчистете со сува или благо навлажнета крпа. По потреба дезинфицирајте со средство за површини. Да не се потопува во вода.

Услови за чување:

Да се чува на суво место, заштитено од влага и директни извори на топлина.

Предупредувања:

  • Не е медицински производ
  • Да не се користи на оштетена, воспалена или иритирана кожа
  • Да не се користи кај сериозни здравствени состојби без консултација со стручно лице
  • Да се чува подалеку од дофат на деца