Голема оклагија со запци
Една од основните алатки во мадеротерапијата. Наменета е за професионална употреба и за третман на површински целулит. Се користи на нозе и глутеус.
Оклагијата со запци за површински целулит е рачно изработен дрвен масажен алат, специјално дизајниран за третман на почетните фази на целулит и подобрување на текстурата на кожата. Се карактеризира со изрезбани релјефни запци по целата должина на валјакот, кои при масажа создаваат интензивна, но пријатна стимулација на површинските слоеви на кожата.
Поради својата форма и начинот на дејствување, идеална е за работа на нозе, задник, струк и стомак, како и за клиенти со поблаг облик на целулит и почувствителна кожа. Се користи во почетните фази на третманот за загревање на ткивото и активирање на циркулацијата.
Бенефити:
- Ја активира површинската циркулација и микроциркулација
- Помага во разбивање на почетниот (мек) целулит
- Ја подобрува еластичноста и тонусот на кожата
- Го подготвува ткивото за подлабока стимулација
Улога и употреба:
Оваа оклагија се користи во правец на лимфниот тек, со лесни и ритмични движења. Идеална е за почетните фази на мадеротерапијата или како самостоен алат кај лица со поблаг целулит. Може да се комбинира со други мадеро алати за постигнување на целосен ефект.
Материјал: Парена бука, лакирана
Препорака: Да се користи исклучиво на намрсена кожа, со благ до умерен притисок.
Сите оклагии се изработени од парена бука и се лакирани, што овозможува повеќегодишна употреба.
Големина: 47 см
Тежина: 0,6 кг
Рок за испорака: 3–4 дена доколку моделот е достапен на лагер.
Погледнете го ценовникот за достава за Македонија.
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРОИЗВОДОТ
Назив на производот: Дрвен масажер – оклагија за мадеротерапија
Намена:
Производот е наменет за мануелна масажа на телото за козметички и релаксациони цели (мадеротерапија).
Материјал:
Природно дрво (бука), рачна изработка, површински обработено со заштитен премаз.
Начин на употреба:
Се користи за масажа на телото со употреба на масло или гел, со лесен до средно силен притисок, во согласност со правилата за масажа.
Одржување:
По употребата да се исчисти со сува или благо влажна крпа. По потреба да се дезинфицира со средство за површини. Да не се потопува во вода.
Услови за чување:
Да се чува на суво место, заштитено од влага и директен извор на топлина.
Предупредувања:
– Не е медицински производ
– Да не се користи на оштетена, воспалена или иритирана кожа
– Да не се користи кај сериозни здравствени состојби без консултација со стручно лице
– Да се чува подалеку од деца







