Таласеста оклагија

27,00 

Нашата таласеста оклагија е професионален мадеротерапевтски алат наменет за целна борба против длабок и тврдокорен целулит. Благодарение на специфичниот дизајн на таласестите рабови, овозможува поинтензивна стимулација на поткожното ткиво, ја подобрува циркулацијата и лимфната дренажа, ги разградува масните наслаги и го поттикнува исфрлањето на токсините од организмот.

Таласеста оклагија

Таласестите оклагии имаат улога во отстранување и третирање на длабок целулит. Препорака е ваквите модели да ги користат исклучиво искусни и обучени терапевти, за да се избегнат модринки и подливи. Кај овој модел рабовите се дополнително истенчени за уште посилен ефект.

Нашата таласеста оклагија е професионален мадеротерапевтски алат наменет за целна борба против длабок и тврдокорен целулит. Благодарение на специфичниот дизајн на таласестите рабови, овозможува поинтензивна стимулација на поткожното ткиво, ја подобрува циркулацијата и лимфната дренажа, ги разградува масните наслаги и го поттикнува исфрлањето на токсините од организмот.

Предности од употребата:

  • Ефикасно ги разградува тврдокорните наслаги од целулит
  • Ја стимулира микроциркулацијата и лимфниот систем
  • Го затегнува и обликува телото
  • Помага во елиминација на вишокот течности
  • Го зголемува ефектот на антицелулитните третмани

Се препорачува за:

Региони со изразен целулит (бутови, задник, колкови) и за клиенти кои сакаат поинтензивен третман.

Изработена е од квалитетно дрво, ергономски обликувана за лесна работа и удобно држење, погодна за професионална употреба.

Должина: 44 см

Тежина: 0,450 кг

Сите наши оклагии се изработени од парена бука и се лакирани. Овој модел е лакиран повеќепати и дополнително обработен за професионална употреба.

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

Назив на производот: Дрвен масажер – оклагија за мадеротерапија

Намена:

Производот е наменет за мануелна масажа на тело за козметички и релаксациони цели (мадеротерапија).

Материјал:

Природно дрво (бука), рачна изработка, површински обработено со заштитен премаз.

Начин на употреба:

Се користи за масажа на тело со употреба на масло или гел, со лесен до средно силен притисок, во согласност со правилата за масажа.

Одржување:

По употребата да се исчисти со сува или благо влажна крпа. По потреба да се дезинфицира со средство за површини. Да не се потопува во вода.

Услови за чување:

Да се чува на суво место, заштитено од влага и директен извор на топлина.

Предупредувања:

  • Не е медицински производ
  • Да не се користи на оштетена, воспалена или иритирана кожа
  • Да не се користи кај сериозни здравствени состојби без консултација со стручно лице
  • Да се чува надвор од дофат на деца