Звона за Бразилска Мадеротерапија
Бразилската мадеротерапија е специфичен холистички третман во кој се користат специјално дизајнирани вакуум звона. Со помош на овие елементи, сите масни наслаги се извлекуваат на површината, каде што потоа се третираат со останатите мадеро алати. Многу е важно да знаете дека бразилските звона со тенок и закривен раб (анатомски вдлабнат) создаваат многу подобар и полесен вакуум отколку моделите со дебел и рамен раб. Токму поради тоа, нашите звона имаат закривен и тенок брановиден раб!
Професионалниот сет на бразилски мадеро звона е наменет за длабински антицелулитни третмани, разбивање на масни наслаги и обликување на телото. Благодарение на различните големини, овозможува прецизна работа на сите региони – од мали локализирани наслаги до поголеми површини на телото.
Звоната се изработени од квалитетно буково дрво и се повеќекратно лакирани за максимална хигиена, долготрајност и лесно одржување. Внатрешниот вакуум ефект ја стимулира лимфната дренажа, ја подобрува циркулацијата и поттикнува елиминација на токсини, додека надворешните рабови овозможуваат силен, но контролиран притисок.
Сетот содржи 5 големини:
- 5 см – за прецизна работа, надлактици, колена, стомак и мали локализирани наслаги
- 6 см – колкови, внатрешна страна на бутови, струк
- 7 см – стомак, грб и глутеус
- 8 см – бутови, колкови и поголеми површини на телото
- 9 см – интензивни третмани на најголемите региони и длабинско моделирање
Предности:
- Го активира лимфниот систем
- Го разбива целулитот и масните наслаги
- Го подобрува тонусот и еластичноста на кожата
- Ја забрзува детоксикацијата
- Го обликува телото и ги намалува обемите
- Погодно за професионални салони и домашна употреба
Препорачана употреба:
Да се користи со професионални мадеро масла или термо/крио гелови. Третманот се изведува со бавни и контролирани движења во насока на лимфната дренажа.
Тежина на целиот сет: 0,5 кг
Сите наши модели се изработени од варена бука и се лакирани. Овие модели се дополнително лакирани и обработени за професионална употреба.
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ
Назив на производот: Дрвен масажер – оклагија за мадеротерапија
Намена:
Производот е наменет за мануелна масажа на телото за козметички и релаксациони цели (мадеротерапија).
Материјал:
Природно дрво (бука), рачна изработка, површински обработено со заштитен премаз.
Начин на употреба:
Се користи за масажа на телото со употреба на масло или гел, со лесен до средно силен притисок, во согласност со правилата за масажа.
Одржување:
По употреба исчистете со сува или благо влажна крпа. По потреба дезинфицирајте со средство за површини. Да не се потопува во вода.
Услови за чување:
Да се чува на суво место, заштитено од влага и директен извор на топлина.
Предупредувања:
- Не е медицински производ
- Да не се користи на оштетена, воспалена или иритирана кожа
- Да не се користи кај сериозни здравствени состојби без консултација со стручно лице
- Да се чува надвор од дофат на деца







